Марија Габриел ќе се сретне со државната секретарка за европски прашања на Франција Лоренс Бун
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел денеска во Софија ќе се сретне со државната секретарка за европски прашања на Франција Лоренс Бун, јавува БНР.
Габриел и Бун се очекува да разговараат за широк спектар прашања од заемен интерес и актуелни теми од меѓународната агенда. Главни теми се очекува да бидат војната во Украина, нападите врз Израел од страна на Хамас, проширувањето на Европската унија и Северна Македонија и др.