СПАСОВСКИ: ИЗБОРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖАТ 22 ДЕНА ПО КРАЈОТ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

/

Според техничкиот премиер Оливер Спасовски, изборите треба да се одржат за 22 дена, по укинувањето на вонредната состојба.

„Датумот на изборите е детерминиран со уредбата законска сила која има важност до завршување на вонредната состојба. Во моментот кога ќе заврши, за 22 дена, ќе треба да се одржат избори. Тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мора да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во моментот кога ќе има најмногу створени услови. Една од нашите одговорности е да направиме се колку што е можно побрзо да се обезбеди новата нормалност“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција во Владата на РМ.





Претходна статија

(ВО ЖИВО) СПАСОВСКИ: СЕ УКИНУВА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Следна статија

КАРАЏОСКИ НАЈАВИ СКРИНИНГ СО 10 ИЛЈАДИ ТЕСТОВИ

Најново од Вести