Бугарскиот премиер академик Николај Денков во посета на Виена
Премиерот Николај Денков денеска ќе ја посети Виена, каде ќе се сретне со австрискиот канцелар Карл Нехамер, соопшти прес-службата на бугарската влада.
Двајцата премиери ќе имаат средба на четири очи, по што ќе има билатерални разговори со учество на бугарската делегација во која се министерот за внатрешни работи Калин Стојанов и заменик министерот за надворешни работи Елена Шекерлетова.
Премиерот Николај Денков ќе го посети и австрискиот Парламент, каде ќе се сретне со претседателите на комисиите за ЕУ, за надворешна политика, за внатрешни работи, како и со претседателот на пратеничката група „Австрија-Бугарија, Романија“ Харалд Трох и со претставници од различни политички формации.
Во рамки на посетата премиерот Денков ќе се сретне и со претседателот на Здружението на австриските индустријалци Георг Книл и со високи менаџери на големи австриски компании кои работат на бугарскиот пазар.