Тагарев-Илашчук: Продлабочување на соработката меѓу Бугарија и Украина
Министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев вчера се сретна со амбасадорката на Украина во Бугарија. Тагарев и Илашчук разговарале за аспектите на соработката меѓу двете земји, а имено важноста на Меморандумот за намери потпишан за време на последниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО меѓу министерствата за одбрана на Бугарија и Украина, со кој беше потврдена подготвеноста за зајакнување на соработката во областите од заемен интерес како што се одбранбената политика и безбедносната политика , воено-техничка соработка, развој на воено образование и наука, индустриска соработка итн, јавува Министерството за одбрана на Бугарија.
Акцент беше ставен на придонесот на Бугарија во мисијата за обука на Европската унија за воена помош за Украина EUMAM. Министерот Тагарев ја запозна Илашчук со можностите за обука на припадници на украинските вооружени сили.
Двете страни го истакнаа доброто ниво на соработка во областа на одбранбената индустрија и разговараа за опциите за нејзино продлабочување.
На средбата се разговараше и за можностите за закрепнување и лекување во структурите на Воено-медицинската академија, која Бугарија ги обезбедува како водечка земја во рамките на Доверливиот фонд на НАТО за лекување и рехабилитација на повредени украински војници.
Амбасадорката Илашчук изрази благодарност за помошта на Бугарија за Украина во нејзините напори да се спротивстави на руската агресија.
На средбата присуствувале началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, в.д директорот на Дирекцијата за одбранбена политика и планирање, полковник Љубомир Монов, советникот на амбасадорката на Украина, Ана Тертихна и военото аташе, полковник Дмитро Лукашук.
