Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа на средба со министерот Мисајловски
Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич, утре во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на стратегиско ниво и своите должности ги извршува од седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, Кралството Белгија.
Согласно програмата за посета на Армијата, на 1 јули, генералот Гринкевич во присуство на генералот Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје. Во рамките на посетата, генералот Лафчиски и генералот Гринкевич ќе дадат изјава за медиумите.

