КОСОВО ЈА ОТВОРА ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА-НЕМА ДА ИМА ИЗОЛАЦИЈА ПО ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА

//

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за олеснување на мерките за заштита од епидемијата на ковид-19, меѓу кои и за целосно отворање на границата со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација, како и дека ќе се овозможи слободно движење на граѓаните и стоките, без временските ограничувања кои беа во сила досега.

„Од понеделник граѓаните кои влегуваат во Косово нема да подлегнат на самоизолација и наместо да се тестираат тие ќе бидат прегледувани од екипите на здравствените центри на граничните премини. Исто така, од понеделник ќе се овозможи целосно слободно движење на луѓето и стоките, односно се укинува ограничувањето на движењето од 5 до 21 часот“, изјави Земај.





Претходна статија

СОВЕТНИКОТ НА ЧУЛЕВ ПОТВРДИ ДЕКА БИЛ ВО КАФЕАНА СО МИЦКОСКИ

Следна статија

ИЈЗ: ЧАИР РЕКОРДЕР ПО ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Најново од Вести