|

БРИТАНКА ГО ПОГОДИ ИМЕТО НА КРАЛСКОТО БЕБЕ И ДОБИ 180.000 ФУНТИ

ЗАБАВАБританка го погоди името на кралското бебе и доби 180.000 фунтиОбјавено пред 18 минути – 9 мај, 2019Од Макфакс

За време на целата бременост на војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), Британците се обложуваа на полот на бебето, името, датумот на раѓање… Квотите беа големи, а една среќничка вложи 120 фунти дека бебето на Меган и Хари (34) ќе се вика Арчи, според „Дејли мејл“.

Поради кралската принова, жената, чиј идентитет не е откриен, се збогати со дури 18.120 фунти. Внукот на жената што го доби облогот се вика Арчи и својата добивка таа планира да ја чува за него.

„Во име на Арчи вложив пари бидејќи така се вика мојот внук, кој всушност е роден на ист ден како и принцот. Мислев дека ќе биде забавно да се обложам и мојот Арчи ми донесе среќа“, објасни добитничката.

Извор: Макфакс

Слични Објави