Фудбалските емоции во Сандански продолжуваат! 1000 деца учествуваат на „Вихрен куп“ 2023!
Градоначалникот на општина Сандански Р. Бугарија, Атанас Стојанов го отвори вториот голем фудбалски турнир за деца и млади „Вихрен куп“ 2023 година.
„Вихрен куп“ се одржува втора година по ред, од 08.02 до 12.02.2023 година во градот Сандански. Ќе учествуваат деца родени од 2008 до 2015 година.
Организатори на турнирот кој е дел од спортскиот календар на Бугарскиот фудбалски сојуз се ОФК „Вихрен“ Сандански, со помош и поддршка на општина Сандански.