ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од ВЛЕН, српска банка влегува во сржта на македонскиот финансиски систем
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради потврдените планови за влез на српскиот капитал во банкарскиот сектор на Северна Македонија, вклучително и последната добивка на „Алта Банка“ за аквизиција на „Стопанска Банка“ Битола.
Конкретно, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својата 65-та седница, со претседавање на претседателката м-р Бујаре Абази, член на ВЛЕН, дала дозвола на „Алта Банка“ АД Белград да поднесе официјална понуда за аквизиција на „Стопанска Банка“ АД Битола.
Поставуваме сериозни прашања и бараме целосна транспарентност:
- Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на Претседателот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на заменик-премиерот Стоилковиќ, се одржала средба помеѓу Изет Маџити и Александар Вулин, на која била дискутирана и координирана оваа голема српска инвестиција?
- Ако ваква средба навистина се одржала, која била нејзината цел и како е таа поврзана со одлуките за давање дозвола на „Алта Банка“ од институциите предводени од ВЛЕН?
Овој случај покажува на значителна манипулација: големи пречки за отворање албански банки, додека банките со сомнителен српски капитал не се соочуваат со никакви проблеми при влез на пазарот, и дури добиваат брзо одобрување од институциите.
Понатаму, потсетуваме дека во 2024 година Европската централна банка (ЕЦБЕ) изрази сериозни загрижености околу можноста за перење пари преку обидот на „Алта Пеј“, српска компанија предводена од Давор Маќура, да ја купи „Аддико Банка“ во Австрија. Во овој контекст, одобрувањето на лиценцата за „Алта Банка“ во Македонија отвора сериозни прашања за стандардите на транспарентност и финансиска безбедност.
ДУИ бара јасни и итни одговори од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, заменик-премиерот Стоилковиќ и Изет Маџити, со цел граѓаните да бидат информирани за мотивите, содржината и последиците од ваквата средба, како и да се обезбеди стратешките и финансиските интереси на државата да не бидат злоупотребени во корист на интересите на „српскиот свет“.
Ова не е само економско прашање; преку финансискиот сектор и олеснувањата дадени на банките со српски капитал, се прави обид да се воспостави директно влијание на „српскиот свет“ во Северна Македонија. Оваа појава не само што ја загрозува економската и финансиската стабилност на државата, туку и политичките текови, создавајќи можности за насочување на стратешките и институционалните одлуки во корист на странски интереси над националните интереси на албанските граѓани и на сите граѓани на државата.
