| |

Софискиот фудбалски гранд ЦСКА одбележа 81 година од раѓањето на легендарниот Димитар Пенев

Фудбалскиот гранд ЦСКА од Софија денеска одбележува 81 година од раѓањето на бугарската фудбалска легенда Димитар Пенев, кој почина на почетокот од годинава, јавува БГНЕС.

„Споменот за неговото големо дело е пожив од кога било. Тој засекогаш ќе остане пример и симбол за сите што го носат ЦСКА во срцето“, соопшти клубот.

Од ЦСКА истакнаа дека, покрај бројните успеси, Пенев ќе остане запаметен по својата добрина, човечност и верба во луѓето. Неговото име ќе го носи и идната клупска академија.

„Длабок поклон пред големиот Димитар Пенев! Засекогаш еден од нас“, порачаа од ЦСКА.



Слични Објави