| |

ВМРО-ДПМНЕ: ГРАЃАНИТЕ СО ОВАА ВЛАСТ СЕ ПОВЕЌЕ ОСИРОМАШУВААТ, НА СМЕТКА НА ПАРТИСКАТА ОЛИГАРХИЈА НА СДСМ

Аболицираниот криминалец Зоран Заев ги подели граѓаните на 99% сиромашни и 1% богати. Граѓаните со оваа власт се повеќе осиромашуваат, на сметка на партиската олигархија на СДСМ која забрзано се богати.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај и секојдневно тонат во немаштија, функционерите од власта и нивните семејства редат милионски тендери од државни институции.

Живот дојде само за партиската олигархија, која го зацрнува животот на граѓаните, а не и за граѓаните.

Нема 500 евра плата, но има 1.5 милиони за тендери на невенчаниот сопруг на Царовска.

Нема 100.000 денари плата за лекарите, но затоа има 90.000 евра за теднер на сопругата на Макредули.

Нема 600 километри нови автопати, но затоа има милиони за фирмите на Анѓушев.

Ветуваа живот, а донесоа очај. Наместо просперитет имаме стагнација. Државата мора да излезе од црнилото во кое ја втурна Заев. Зората мора да изгрее, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави