СОВЕТНИКОТ НА ЧУЛЕВ ПОТВРДИ ДЕКА БИЛ ВО КАФЕАНА СО МИЦКОСКИ

//

Љупчо Андоновски, поранешен шеф на УБК, а сега советник на Наќе Чулев во телефонски разговор за ТВ24 потврди дека на 3 јуни бил во друштво на Христијан Мицкоски во затворениот дел во „Винотека“. И тој како и партискиот лидер вели дека ако треба ќе ја плати и казната доколку направил прекршок. Прашан зошто спротивно на протоколите седеле во угостителскиот објект, Андоновски исто како и Мицкоски порача дека не може да ги следи сите мерки кои според него се менуваат „во 5 до 12 .

„Не бевме вечерта таму, преку ден кратко се задржавме околу половина час, или еден час некаде. Не бевме таму за седнување требаше нешто да видиме. Точно е бевме со Христијан Мицкоски и уште еден пријател кој не е Ален Зекиров како што се шпекулираше во јавноста. Винаријата е посбен објект. Ќе си ја платам казната ако треба, јас се чудам како до сега не не ставија во притвор,“ – вели Андоновски за ТВ24.

Според информации на ТВ24 ресиверот со снимките од безбедносните камери во објектот при претресот биле пронајдени во едно од бурињата, откако претходно два часа службениците ги барале. Андоновски е информиран и за тоа но вели не е точно.



„Тоа со бурето дека некој таму криел снимки не е точно, колку што разбрав имало кражба пред една година, бил украден главниот ресивер кај што биле врзани 14 камери и по таа кражба другиот уред бил сместен во тој дел.“ – вели Андоновски.



Претходна статија

НОВИ 111 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА

Следна статија

КОСОВО ЈА ОТВОРА ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА-НЕМА ДА ИМА ИЗОЛАЦИЈА ПО ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА

Најново од Вести