БУГАРИТЕ, БУГАРОФИЛИТЕ- „ПРЕДАВНИЦИТЕ“ СЕ КРИВИ ЗА СЀ!
Само момент, да ве прашам?!…и да ви одговорам!
Овие одвоени минути ги посветувам до ПЛАТЕНИТЕ ботови кои шират говор на омраза за бугарофилите родени во
Mакедонија. Неколку прашања и одговори се надевам би биле од корист на вашите деца, внуци, пријатели а кој знае можеби и лично би ве засегнало, никогаш не е касно!
Кој ја ограби Македонија? Ахм да погодам…ммм
Овој текст дирекно ги засегнува и Македонците родени во Македонија на кои не им се ПОСРЕЌИЛО како на ВАС да бидат „патриоти“, па морале да извадат бугарско државјанство и да заминат од својата фамилијата, за да не треба да се јадат помеѓу себе за да преживеат. Исто така и за растечкиот тренд на младите кои се студенти или намерата им е да студираат на Софискиот универзитет. Сето ова е благодарение на ВАС, „патриотите“ БОТОВИ (политичарите 30 години наназад не ги спомнувам зошто веќе сите тоа го знаеме, И ТИЕ ВИ СЕ ВОДИЛКА), бидејќи без партиска книшка овде дипломата е само предност за работа во кафич во кои ВИЕ глумите Џаро!
Кој е проблемот на „ГОЛЕМИТЕ“ што преку ВАС ПЛАТЕНИТЕ БОТОВИ дејствуваат а? Ауу да да ви одговорам:
Бугарофилите кои заминале кој да студира, кој да работи со помош на бугарско државјанство (немаат сите, многумина одат и со македонски пасош), се делумно успешни луѓе кои потоа доаѓаат во своето родно место каде што инвестираат, трошат од тие „проклети предавнички пари“ (како што милувате вие „ПАТРИОТИТЕ“ да ги нарекувате) евра а не денари, кои во последно време и ВИЕ истите „патриоти“ се пресметувате во таа валута па и во долари. Лично ВАС тоа не ве погодува, сигурно имате барем по еден пријател, роднина кој го дружите кога доаѓа на одмор. Ама „патриотите“ т.е македонските антички политичари ги, па вие за пусто денарче мора да играте на орото. Ќе ви кажам и зошто.
Кај нас се појави некој што освен доѓањето на одмор во својот роден крај, реши да си живее во родното место, потоа апсолутно храбро ги обелодени сите недостатоци, сите празни ветувања и сите манипулации кои што се случуваат во нашата земја. Знаете за кого пишувам нели? Петар Колев. Јасно е дека се плашите од Колев, бидејќи тој е вистинска закана за сите вас. Претседателот на ГДУ студирал во европски признат универзитет во Бугарија, земјата на кои многумина им даде и образование и леб. Колев не молчи на лагите. Колев не трпи неправдина. Колев сака Македонија да оди напред! Па вие сега плукајте колку сакате. Освен исечоците на видео кое е снимано пред 11 години и кое е производ на хумористична емисија, немате на што да се фатите. Пробавте, не ви успеа. Чесноста и борбеноста е одлика на овој политичар. Знам дека ви е чудно, не сте навикнати на такво нешто до сега. Еј, ништо не може да го испере вашето лицемерие, арамилуци и манипулации.
Сепак сите ние имаме нешто заедничко освен нашето место на раѓање…нели? А тоа е сиромаштијата, ограбената татковина.
Во последниве неколку години во глобала НИЕ па и ВИЕ се бориме со отплата на кредити, се бориме за основна егзистенција, за подобро здравство (со кое го достигнавме пикот на комичното шоу со мерките за заштита), со образованието, со борбата за правото и правната држава и така натаму, за која се заслужни токму античките „ПАТРИОТИ“ т.е политичари кои си играат на ситно со ВАС БОТОВИТЕ а добиваат: вили, луксузни автомобили, морска храна, елитни бели журки… Да, да, ВИЕ сте тие предаватели што преку вас живеат живот од Холивуд. Епа нека живее македонскиот патриотизам и Бугарите и бугарофилите нека се криви за сѐ! Белки ќе ви дојде паметот. На лагата кратки и се нозете. И вие тоа го знаете, ама трпите 30 години. Местото во Водовод и канализација па и не е така лошо, не смеете да го изгубите. Удрете ја главата, време е за промени!
Автор: Александра Трнковска