Заменик-претседателот на БАН е избран во Управниот одбор на Меѓународната заедница на академиите
Заменик-претседателот на Бугарската академија на науките (БАН), проф. д-р Емануел Мутафов, е избран за член на Управниот одбор на Меѓународната заедница на академиите, по тајно гласање на претставници од 42 академии ширум светот, соопшти БАН.
Со најмногу гласови е избран проф. Хуан Антонио Мариано Мацеи од Националната академија по медицина во Буенос Аирес. Со еднаков број гласови зад него се пласираа проф. Мутафов и проф. Ханс Јоахим Шеленхубер од Папската академија на науките во Рим.
Управниот одбор има надлежност да го одобрува буџетот, да утврдува политики за развој, да изразува ставови од научен и културен карактер и да организира глобални научни настани.
Една од главните цели на Меѓународната заедница на академиите е обновувањето на Платоновата академија во Атина, со музеј и истражувачки центар.
Проф. Емануел Мутафов е бугарски византолог, преведувач и професор по средновековна и преродбеничка уметност, како и директор на Институтот за истражување на културата при БАН.

