| |

Здружението „Балкански мост“ од Битола гостуваше на одбележувањето 160 години- Преродбеничко читалиште „Зора“-Русе

На 25 март 2026 година, Преродбеничкото читалиште „Зора“ во Русе одбележа 160 години од своето основање, при што гости на настанот беа и претставници на здружението „Балкански мост“ од Битола.

По повод јубилејот беше организирана дводневна конференција, на која учесниците ги претставија читалиштата низ историјата и нивната улога во современото општество. Од здружението упатија благодарност до раководството на читалиштето, предводено од Емилија Василева и Ралица Атанасова, за поканата и гостопримството. Благодарност беше изразена и до нивните пријатели од Русе, општинскиот советник Искрен Веселинов и Атанас Енчев, кои посредувале за воспоставување на контакт со институцијата.

Од „Балкански мост“ истакнаа дека за нив претставува особена чест учеството во активностите на читалиштето, каде што своите први образовни чекори ги направил и Захари Стојанов. Тие нагласија дека биле „прекрасно примени“ и останале со „исклучително позитивни впечатоци“ за посветеноста и ангажираноста на домаќините.

„Најискрено се надеваме дека нема да останеме само на оваа средба, туку дека нашата соработка ќе ја продолжиме и продлабочиме“, посочија од здружението, изразувајќи очекување за идни заеднички активности.

Во пораката се додава дека ваквите институции имаат важна улога за Бугарите во Република Бугарија, така и за Бугарите надвор од нејзините граници“, упатувајќи честитки по повод јубилејот и желби за долговечност на читалиштето.



Слични Објави