| |

„ШАРЕНИТЕ“ ПРОТИВ ЗАМЕНИК ДИРЕКТОРИТЕ

Гласовите за воведување нови функционерски места, главно, ги обезбедиле пратениците на СДСМ и на ДУИ, ама впечатливо е дека и гласовите „против“ во најголем дел се на парламентарци од мнозинството. Против законските измени гласале претседателката на Комисијата за култура Ирена Стефоска, претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетски прашања Павле Богоевски, како и пратеничката Ивана Туфегџиќ, кои се евидентирани како независни пратеници што влегоа на листите на СДСМ како учесници во „Шарената револуција“. „Против“ гласале и двете пратенички на ДОМ, која е исто така во коалиција со СДСМ – Маја Морачанин и Лилјана Поповска, како и Илија Николовски од Партијата на пензионерите, додека пратеничката на ЛДП Никица Корубин е единствената „воздржана“. Останатите два гласа „против“ се на опозициските пратеници Лилјана Затуроска и координаторот Никола Мицевски, додека другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од новата пратеничка група се регистрирани дека не гласале или дека не биле присутни.  (Повеќе)

Слични Објави