(Видео) Првиот бугарски борбен авион F-16 BLOCK 70 слета на бугарска земја
Првиот бугарски борбен авион ловец F-16 BLOCK 70 на бугарските воено воздушни сили слета во авиобазата Граф Игнатиево. Во авиобазата се наоѓаат Премиерот Росен Желјазков , министерот на одбраната Атанас Запрјанов, шефот на штабот на бугарската армија адмирал Емил Ефтимов и други официјални лица.
Министерот за одбрана Атанас Запрјанов изјави дека во почетокот на април месец ќе пристигнат првите авиони додавајќи дека самото пристигнување на авионот не го прави автоматски бугарски.
,, Има процедура за која е потребно време. Неопходно е авионот да се предаде и преку документи. Официјалната церемонија е планирана за 12-ти април”, изјави воениот министер.
