ЖБОГАР: ПРЕГОВАРАЧКИОТ ВОЗ ТРГНА И МАКЕДОНИЈА Е ВО НЕГО
Европската унија ќе подготви нацрт преговарачка рамка што ќе треба да ја вгради и новата методологија, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за МИА, додавајќи дека очекува ова да биде готово во јуни.
„Потоа земјите-членки треба да дискутираат, преговараат и да го усвојат документот. Откако ова ќе заврши ќе биде закажана првата меѓувладина конференција што го означува почетокот на процесот на преговарање. Сепак, да повторам уште еднаш, земјите-членки одлучија да ги отворат преговорите. Нема враќање назад, преговарачкиот воз замина од станицата и вие сте во него, вели Жбогар.
