| |

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ТОЛЕРАНЦИЈАТА И ИНКЛУЗИВНИТЕ ОПШТЕСТВА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Претседателот и заменик-претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Реџаил Исмаили и Јусуф Хасани, на покана на Советот на Европа – Оддел за антидискриминација, на 14 и 15 ноември учествуваа на Регионална конференција за толеранцијата и инклузивните општеста на Западен Балкан, која се одржа во Подгорица, Црна Гора.

Конференцијата, во рамките на Програмата за заедничка Европска Унија, ги идентификува можностите за регионална соработка во борбата против дискриминацијата и заштита на малцинствата. Учество зедоа и високи претставници на националните власти и институции одговорни за човековите права и национални малцинства, меѓународни експерти, високи претставници на ЕУ и на Советот на Европа.

Целта на Конференцијата беше размена на информации од целиот регион, споделување и размена на добри практики за прашања поврзани со малцинствата, толеранцијата, промоцијата на различностите на заедниците, борбата против говорот на омраза, како и подигање на свеста за заштита на човековите права и заштитата од дискриминација, и нивно унапредување.

Пратениците, во рамките на формираните работни групи кои ги покриваа наведените области, зедоа активно учество, особено говорејќи за моменталната законска рамка во Република Македонија која ги регулира прашањата за заштита од дискриминација и унапредување на малцинските права, како и улогата на националните институции во решавањето на прашањата на заштитата на малцинските права.

Слични Објави