| |

ОТКАЖАНА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈАТА НА КОЈА ТРЕБАШЕ ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ПОПИСОТ

Откажана е собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите 2020 година.

Комисијата утрово е тргната од дневните активности на веб-страницата на Собранието.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, соопшти дека седницата е одложена бидејќи за разгледувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, што било прва точка на дневниот ред, не бил обезбеден претставник од мисијата на ЕУ.

Извор: Макфакс



Слични Објави