Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се вратила на работа во СЈО. Оваа информација за „Фокус“ е официјално ја потврдена од обвинителството.
Од „Фокус“ додаваат дека Јанева, сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во однос на истрагата за „Рекет“, во која засега има двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец.
Обвинителката Вилма Русковска неодамна најави дека е можно истрагата за „Рекет“ да се прошири.