|

Европска делегација во посета на Скопје кој во 2028 ќе биде престолнина на културата

Град Скопје е домаќин на делегација на Европската Унија која е во неколкудневна посета на градот Скопје Европската престолнина на културата 2028.

„На средбата градоначалничката Данела Арсовска пред делегатите ја претстави визијата и програмата која предизвика огромен интерес во Европската Унија, а на Скопје му ја донесе престижната титула, од која бенефит ќе имаат сите граѓани, пред се од можностите за соработка меѓу градовите во регионот за развој на културата, локалниот економски развој, туризмот и уметноста“, велат од град Скопје.

Франческо Калеприко, раководител на Одделот за координација во ЕУ, посочи дека високо достигнување е прогласувањето на Скопје за Европска престолнина на културата 2028, успехот на тимот што работел на овој проект е голем и титулата е валоризација на нивниот труд. Делегација од Брисел од која дел беа Џулијано Ена, Раководител на сектор во ЕЕАС и Гкелис Николаос од Советот на Европската Унија во текот на наредните денови ќе посети повеќе културно историски знаменитости во градот Скопје и ќе се запознае со неговото богатото културно наследство и институциите од областа на културата.

Слични Објави