(ВИДЕО) СТЕФОСКА: ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ДО ЕУ И НАТО Е ПРЕКУ БУГАРИЈА И ГРЦИЈА
Независната пратеничка, Ирена Стефоска, дел од коалицијата на СДСМ смета дека иднината во Македонија е возможна доколку државата успее да изгради пријателски релации со соедните земји.
„Договорите со Бугарија и Грција го потврдија и мојот личен сон дека е можно да градиме пријателски односи и дека патот на Македонија во Европа води преку Бугарија и Грција. Не може да не се знае дека Македонија ако овој договор со Грција го отфрли ќе биде заборавена и изолирана.“

