Бугарската амбасада во Скопје со свечен прием го одбележа 3 Март- државниот празник на Република Бугарија (ГАЛЕРИЈА)
Синоќа во хотелот Александар Палас во 19 часот во организација на бугарската амбасада во Скопје се одржа традиционалното одбележување на 3 Март, државниот празник на Република Бугарија. На свечениот прием присутни беа голем број на државни функционери меѓу кои, Никола Димитров- министер за надворешни работи, Радмила Шекеринска – министер за одбрана на РМ, министерот за внатрешни работи- Оливер Спасовски, министерот за култура- Роберт Алаѓозовски, министерот за евроинтеграции- Бујар Османи, министерот за здравство д-р Венко Филипче, министерот без ресор Едмонд Адеми, претседателот на Собранието на Република Македонија -Талат Џафери, градоначалникот на Град Скопје- Петре Шилегов и претставници на целиот дипломатски кор.
Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беа поранешниот градоначалник на Скопје- Коце Трајановски, Петар Богојевски и Силвана Бонева. На одбележувањето присуствуваа и претставниците на Иницијативниот Комитет на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, Александар Попоски, Диме Петкоски и Ѓорѓи Трендафилов.
Неговата Екселенција, амбасадорот на Република Бугарија, г-дин Иван Петков го отвори настанот со пригоден говор поврзан со државниот празник на Република Бугарија. Во својот говор амбасадорот Петков акцентираше врз заедничката иднина на Република Бугарија и Република Македонија во евроатланското семејство. Амбасадорот испрати порака до присутните за потребноста од заедничко делување во борбата за подобра иднина на двете братски држави.