ЗА ТРИ ДЕНАРИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ БЕНЗИНИТЕ, ДИЗЕЛОТ ДВА ДЕНАРИ

//

За три денари ќе поевтинат бензините од ноќеска на полноќ, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а 68,50 на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 60 денари ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 денари за килограм и ќе изнесува 32,361 денари.



Малопродажните цени на горивата во просек се намалуават за 4,8 проценти.

Претходна статија

ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПОПОВА ШАПКА

Следна статија

КОЛЕГАТА ФУРКАН САЛИУ СО ВИДЕО ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО ЗОШТО САДУЛА ДУРАКУ Е ВЕЧЕН ФУНКЦИОНЕР

Најново од Вести