СТОИЛКОВСКИ: ШЕКЕРИНСКА ДАЛИ НАУТРО ПОЗДРАВУВАТЕ ЗНАМЕ НА АРИЗОНА ИЛИ НА МАКЕДОНИЈА?

//

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски  денеска со 30 прашања за министерката Радмила Шеќеринска:

Пред министерството за одбрана ќе ги поставиме 30-те вистински прашања за Радмила Шекеринска, и со тоа нема противзаконски да снимаме партиски видеа во министерството за одбрана.

  1. Радмила, по колку рала чизми им ветивте, а не им обезбедивте на војниците?
  2. Зошто уште ги нема униформите, се инсистира ли на брендот Луј Витон ?
  3. Дали само професионалци заминуваат во мисијата во Авганистан?
  4. Зошто и покрај укажувањата од НАТО го расформиравте полкот за специјални операции?
  5. Дали свесно со Аташето во САД го прекршивте Законот за одбрана и Законот за надворешни работи?
  6. Колку од набавките префрливте од лани за годинава и дали е пресметана и БИОГРАФИЈАТА „ВЕЧНО ОПАСНО ВТОРА“?
  7. До кога ќе се мешате во раководењето и командувањето и политички ќе унапредувате старешини?
  8. За колку го издавате просторот во Домот на АРМ и дали ги употребивте вештините за рентање дом од 5 илјади евра?
  9. Посетите на домот на Боки 13 беа посветени за кројот на униформите или за исхраната за војниците?
  10. Зошто се одлучивте за селективно пензионирање?
  11. Лично каква торба би избрале за транспорт на рекет Луј Витон или Версаче торба?
  12. Колку реално чинат Лобутин штикли на подарок и што треба да се стори за да се добијат?
  13. Зошто запре трансформацијата на АРМ?
  14. Колку автомобили ви продаде партискиот спонзор од Куманово, вкупно, не по одделни министерства?
  15. Ја задолживте ли гардата да го чува Орденот од Принцот на Црна Гора за Заев?
  16. До толку ли сте скарани со Кочо, па за инает му средувавте документи, да го збори народ?
  17. Зошто го прекинавте курсот за подофицери?
  18. По НАТО стандарди ли ја проширувате семејната викендичка од 300 квадратни метри?
  19. Наутро поздравувате Знаме на Аризона или на Македонија?
  20. Дали шефот на военото разузнавање има друга обврска освен следење на опозицијата?
  21. Кој е вашиот најголем неуспех во работата како министерка за одбрана?
  22. Во која касарна најмногу ги подобривте условите за работа?
  23. Дали ја остваривте вашата цел за праќање воени дипломати по партиска линија?
  24. Колкава е вашата одговорност за одбрана на Заев од „хибридните напади“ од пранкерите??
  25. Би се хранеле ли самата со тоа што на мени го имаат македонските војници во војничките ресторани?
  26. Подготвени ли сте за амбасадорка во Вашингтон?
  27. На кој стих од химната ви запира гласот, па не ја пеете по настани?
  28. Колку е важно ќерка да е родена во Скопје па за тоа и закон да се менува?
  29. Толку ли е демоде одење на ручек со службено возило па мора да се користи и армиски хеликоптер?
  30. Која марка и колку инчи е телевизорот во дневната на Боки 13?



Претходна статија

ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО

Следна статија

РЕАКЦИЈА НА МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКА НА ИЗЈАВАТА НА ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ

Најново од Вести