| |

Претставници на КЦ Иван Михајлов од Битола се сретнаа со поранешната прва дипломатка на Бугарија Екатерина Захариева во бугарскиот Парламент

Претставници од здружението Културен центар Иван Михајов- Битола на чело со претседателот Љупчо Ѓорѓиевски, Георги Црномаров и Благој Шаторов се сретнаа со поранешната министерка за надворешни работи на Р. Бугарија Екатерина Захариева и претседателката на пратеничката група ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова. Средбата како што јавува самата Захариева преку објава на facebook се одржала во бугарскиот Парламент.
Захариева и Атанасова им дале уверувања на членовите на Културниот центар Иван Михајлов дека секогаш ќе ги поддржуваат Бугарите од другата страна на границата и ќе ги штитат нивните права.

Во својата објава на facebook Захариева вели дека со големо изненадување ја дочекала веста дека токму претседателот на КЦ Иван Михајлов- Битола, Љупчо Ѓорѓиевски не успеал да добие бугарско државјанство затоа што документите со кои тој го докажува своето потекло не биле примени од страна на надлежните органи.
Захариева објави дека после празниците ќе побара информации од Државната агенција за Бугарите во странство и од Министерството за правда, на што се должи како што таа вели овој апсурд.

Слични Објави