Бугарската влада одобри над 26 милиони евра за наука и истражувања во 2026 година
Бугарската влада одобри повеќе од 26 милиони евра за спроведување на државната политика во областа на науката и научните истражувања во 2026 година, соопшти БТА.
Дел од средствата се наменети за членарини на Бугарија во европските конзорциуми за научна инфраструктура и во Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).
Финансирање е обезбедено и за проекти преку Фондот „Научни истражувања“, вклучително и за билатерални програми со Франција, Словачка и Кина, за експериментот CMS во ЦЕРН, за фундаментални истражувања, млади научници и постдокторанти, национални научни програми и други проекти.
Бугарија е членка на ЦЕРН од 1999 година, а во 2024 година беа одбележани 70 години од основањето на организацијата и 25 години од бугарското членство. Денес ЦЕРН е водечка светска научна лабораторија со илјадници истражувачи од над 100 земји.

