| |

За прв пат во историјата на Бугарија – се гнезди розово фламинго

За прв пат во историјата на Бугарија на територијата на земјата е забележано вгнездено розово фламинго, соопшти Бугарското здружение за заштита на птиците. Тоа се случило вчера во Бургас.

Околу 80 птици веќе ги снесуваат своите јајца во Атанасовското езеро. Новоформираната колонија е од околу 600 единки и веројатно бројот на гнездата ќе се зголеми во наредните денови.

“Фламингото е чувствителна птица на човечко присуство. Многу е важно во периодот на гнездење да нема никакво движење на луѓе во самото езеро“, велат експертите орнитолози.

Во последниве години, фламингото ги надмина мачките и галебите по популарност, претворајќи се во нов амблем на Бургас. Затоа, општина Бургас почна сѐ почесто да го вклучува во своите рекламни материјали.

Слични Објави