| |

Могерини: Време е да почнеме да трчаме заедно

Првата дама на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини во своето обраќање до македонскиот Парламент порача Македонија треба да горда на позитивната препорака добиена од Европската Комисија. Могерини порача дека политичарите не треба да заборават како се гради единство, особено по политичката криза која сега е надмината.

Могерини изрази уверување дека разговорите со Грција ќе доведат до решение, кое ќе ги задоволи двете страни и дека тоа ќе прерасне во основа за идна обединетост на европскиот континент. Таа повика Македонија да се движи брзо кон ЕУ и да инвестира во единство, демократските институции и во младите, односно во нивните аспирации и желби да се приклучат кон ЕУ. На крајот од својот говор пред македонските пратеници Могерини порача дека е време Македонија и ЕУ треба да започнат да трчат заедно, за да се оствари посакуваниот напредок.

 

Слични Објави