Статуата откриена во Хераклеја Синтика веќе се наоѓа во музејот на град Петрич
Големата мермерна статуа, што неодамна беше откриена во античкиот град Хераклеа Синтика во Бугарија, беше преместена во Историскиот музеј во Петрич, јавува БНР.
Најпрво, проф. Људмил Вагалински, раководител на ископувањата, претпостави дека статуата е на богот Хермес.
„Откако го испитавме предниот дел, како и целото лице, можеби не е од 2 век, туку околу 200 години порано, т.е. околу новата ера, а тоа е слика на владетел или на некоја многу важна личност“, рече археологот.
Лицето, главата и носот на статуата се доста добро сочувани и изразот на лицето е видлив. Ова, според проф. Људмил Вагалински, е исклучително, бидејќи има малку слични примери. Досега, сепак, не се пронајдени исчезнатите делови од рацете.
Следната недела заедно со специјалисти од Софија ќе се обидеме да го ставиме на местото каде што ќе биде, за да може реставраторот да работи, да го исчисти и зачува“, рече археологот.
