| |

Матурантите од бугарското училиште во Одеса сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија

Дваесет и осум матуранти од бугарското неделно училиште „Васил Априлов“ во украинскиот град Одеса ги добија свидетелствата за завршена 3 година и изразиja желба да студираат на бугарските универзитети, јавува Радио Бугарија.

„Во последните 11 години стана традиција да се доделуваат сертификати на матурантите кои учат бугарски јазик и литература, историја и географија на Бугарија во рамките на националната програма „Мајчин јазик и култура во странство“. Посакуваме нашите матуранти да бидат примени на посакуваните од нив универзитети“, изјави директорот на образовната институција Димитар Терзи.

„Избрав да студирам медицина во Бугарија бидејќи сум Бугарин и двајцата мои родители се Бугари. Во Бугарија ќе добијам квалитетно образование и диплома која е призната во Европа“, рече Николај Велев.

„Мојот сон е да бидам примен и да студирам „Меѓународни економски односи“ на УНСС. Мило ми е што имаме можност да студираме во Бугарија. Ова е особено актуелно во сегашните услови на војна во Украина“, изјави Анастасија Топал.

Наставничката по бугарски јазик во училиштето Лилија Милентева истакна дека учениците имаат огромна желба за учење. „Посебно сакам да ги пофалам матурантите, кои се многу одговорни и учат сериозно. Во текот на целата академска година обуката се спроведе со физичко присуство. Работевме многу на тестовите, се надевам дека добро поминале на испитите“, додаде таа.

Бугарското неделно училиште „Васил Априлов“ е основано во 2002 година во рамките на Регионалното бугарско друштво Одеса и Сеукраинскиот центар за бугарска култура во Одеса и е првиот бугарски неделен едукативен центар во градот. Отворањето на училиштето е мотивирано од зголемувањето на бројот на Бугарите во Одеса. Од 2012 година училиштето се финансира во рамките на националната програма на Министерството за образование и култура „Мајчин јазик и култура во странство“.

Слични Објави