ВМРО-ДПМНЕ ја одбележува саможртвата на бугарските војводи, но не сака Бугари во Уставот
Владејачката партија на премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ деновиве ја прослави саможртвата на бугарските револуционери кои до последен здив се бореа на врвот Ножот на 14 јули 1907 година, јавува БГНЕС.
Врвот „Ножот“ се наоѓа во близина на селото Ракле на планината Никодим, недалеку од градот Прилеп. На ова место пред 117 години, во жестока битка со над три илјадна османлиска војска загинале комитите од костурската чета, кои останале на врвот.
Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ ја одбележаа саможртвата на „Ножот“, но не забележаа дека во најголемата битка по Илинденско-Преображенското востание од 1903 година, учествувале 54 комити на ВМРО, но уште најмалку 150 револуционери кои дошле од Бугарија и се бореле заедно со нив. Тие сакале ги избркаат сбоманските чети од околијата. Оваа битка е еден од доказите за бугарската природа на ВМРО и нејзините врски со Бугарија и Одринско.
Водечки личности во борбите се Тане Николов од Хасково – офицер на бугарската војска, Михаил Чаков и костурската чета на Христо Цветков. Вкупниот број на комити изнесувал околу 200 луѓе и имале за цел да го исчистат прилепскиот регион од србоманските чети.
Српските шпиони ги предале четите на османлиските власти, кои ја опседале областа околу „Ножот“, каде загинале 67 луѓе – од кои повеќето биле од Кнежеството Бугарија и Одринска Тракија.
Откако стана премиер, Мицкоски континуирано го намалува бројот на Бугарите во РСМ. Тој ги симна од неколку илјади на неколку стотици за време на неговите состаноци со цел лобирање во САД. Според него, никој во РСМ не ги прогонувал Бугарите, но останува да се разбере зошто го прогонуваат споменот за починатите Бугари.

