|

В сабота привремен сообраќаен режим на улицата Даме Груев

ЈП Улици и патишта Скопје известува дека на ден 20.05.2023 година -сабота, поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на ул. Даме Груев во насока на движење од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија, во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една, а потоа и другата коловозна лента на коловозот .

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Слични Објави