|

Детали за драмата на небото над Вашингтон: Пилотот на „Цесна“ не реагирал, подигнати воени авиони, го пробиле звучниот ѕид за време на потерата

Воздухопловните сили на САД ги активираше борбените авиони Ф16, за да го гонат лесен патнички авион „Цесна“ кој го наруши воздушниот простор околу главниот град на САД, Вашингтон, и чиј пилот не одговори на повиците на контролата на воздушниот сообраќај.

Авионот „Цесна“ подоцна се урна во соседната држава Вирџинија, а на местото на несреќата не се пронајдени преживеани, пренесува Ројтерс.

За време на нивната акција, американските ловци Ф16 го пробиле звучниот ѕид над Вашингтон, што предизвика изненадување и вознемиреност кај населението.

Државната полиција на Вирџинија потврди дека во авионот „Цесна“ имало четири лица и дека на местото на несреќата нема преживеани.

Авионот „Цесна“ е регистриран во компанијата „Енкор Моторс“ од Мелбурн, Флорида, а сопственикот на компанијата Џон Румпел за Вашингтон пост изјави дека во авионот летале неговата ќерка, внука и нејзината дадилка.

„Не знаеме ништо за авионската несреќа. Засега сме во контакт и со луѓе од Федералната служба за цивилна авијација“, изјави Румпел во интервју за новинарот на Вашингтон пост.

Американската војска се обидела да стапи во контакт со пилотот, кој не реагирал и се чинело дека „Цесна“ лета на автопилот, изјави неименуван извор запознаен со ова прашање.

„Борбените авиони добија дозвола да ја пробијат звучната бариера и да летаат со суперсонична брзина што можеа да ја слушнат жителите на главниот град на САД“, се вели во официјалното соопштение.

Слични Објави