|

Сојуз на средношколци: Европа очекува средношколската демократија и организирањето да ги внесеме во законската рамка

Бидејќи сè уште Собранието ги нема донесено нашите предложени измени на Законот за средното образование за воведување на средношколска демократија, Сојузот на средношколци како членка-кандидат се обрати до Организирачкото биро на европските средношколски сојузи, т.е. до европската организација на средношколци, стои во информацијата од таму.

Појаснуваат дека нивните европски партнери и соработници упатиле писмо за поддршка, кое тие го споделиле со Претседателот на Републиката, Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата и Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјата.

„Во писмото тие упатуваат порака кон целата држава: „Очите на сите ученици во Европа се вртат да видат како вашиот предлог ќе биде прифатен од вашите законодавци. За да ја постигнеме функционалната, демократска Европа кон која се стремиме, мораме да го дадеме нашиот дел за да донесеме позитивни промени. Тоа може да го донесе само силното граѓанско општество, коешто не може да постои без средношколското и студентското самоуправување“, се истакнува од страна на Сојузот на средношколци.

„Не можеме да нагласиме колку е важна целосната интеграција на средношколскиот глас во образовните процеси за добро функционирање на граѓанското општество во целина. Низ историјата, националните средношколските иницијативи ширум Европа ја поминаа истата борба за правно признавање на ученичкото организирање, како и вашата која ја водите сега“ – се вели во писмото од Одборот на OBESSU.

Ученичкото учество и средношколската демократија се важни за да произведеме една свесна, информирана индивидуа која би се вклучила во демократскиот живот, водејќи се од чувството на должност и општествена одговорност. Можностите за средношколецот да одбере кој ќе го претставува на сите нивоа се подобри од кога било. Гласот на поединецот вреди сè повеќе.

Сојузот на средношколци ги повикува македонските институции потребата од средношколска демократија да ја сметаат за мошне сериозна и важна за нашата држава, штом европското граѓанско општество јасно ни посочутоа дека тоа е нужно за целосна демократизација и функционализација на Македонија.



Слични Објави