ЗАЕВ: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција порача дека сега не е време за политики и политички противници и дека не смее да се дозволи сликите од Македонија да бидат како сликите од Вухан и северна Италија. Прво здравје, потоа избори, порача Заев практично барајќи и тој, во име на СДСМ, на седницата на Советот за безбедност да бидат одложени изборите. Претходно со таков повик излезе и ВМРО-ДПМНЕ.
Заев притоа соопшти дека преставниците на СДСМ на средбата кај претседателот ќе го пренесат овој став и ако тој не свика лидерска средба, ќе свика Владата за да се донесе заеднички одлуката за одложување, но и за новиот датум за изборите.
