КОЛЕВ ДО АПАСИЕВ: ВО КУБА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ТЕ ПРОЧИТААТ
„”1 час интернет во Куба чини еден долар. Со оглед на тоа дека просечната плата во земјата изнесува 50 долари (околу 2500 денари) “сурфањето“ е луксуз кој не може да си го дозволат поголемиот дел од граѓаните.”
Жалам, но во Куба нема да можат да го прочитаат “другарот” Апасиев!
Според агенцијата АФП, од 22 јули кубанските власти им дозволија на граѓаните да увезуваат рутери, да регистрираат опрема и да имаат домашна безжична WI-FI мрежа поврзана со сигнал од државната телекомуникациска компанија ETECSA. Досега, безжичниот интернет беше достапен само на јавни места.
Во интервју за истоимената агенција, Ернесто Родригез Хенандез, како заменик министер за транспорт, изјави дека целта на владата е да обезбеди широко распространет пристап од интернет за целото население. Но сепак, цената на пристапот до интернет за Кубанците е се уште вртоглаво висока.
#Несмепопулисти
#Тоаевистината“, напиша на својата официјална Facebook страна претседателот на ГДУ Петар Колев.