КРАТКАТА ИСТОРИЈА НА КИЛИБАРНАТА СОБА

Изградбата на Килибарната почнува во 1701 година. Првично е инсталирана во палатата Шарлотенбург, резиденција на Фридрих I, првиот крал на Прусија. Собата е резултат на вистинска меѓународна соработка, дизајнирана е од германскиот барокен скулптор Андреас Шлутер и од данскиот мајстор на килибар Готфрид Волфрам. Петар Велики се возхитил од ова уметничко дело за време на една од неговите посети во Шарлотенбург, а во 1716 година, наследникот на кралот Фридрих I, кралот Фридрих Вилхелм I – му ја подарил со цел да го бетонира Пруско-рускиот сојуз против Шведска.

Килибарната соба е испратена во Русија во 18 големи кутии и е инсталирана во Зимскиот дворец во Санкт Петербург како дел од европска уметничка колекција. Во 1755 година, кралицата Елизабета наредила просторијата да се пресели во палатата Екатерински дворец во Царско Село (денес Пушкин). Италијанскиот дизајнер Бартоломео Франческо Растрели ја редизајнирал просторијата за да се вклопи во новиот, поголем простор, користејќи дополнителни количини килибар обезбедени од Берлин.

По реновирањата во 18 век, просторијата опфаќа околу 180 квадратни метри и засветува во сјајот на шест тони килибар и други полу-скапоцени камења. Килибарните панели се наредени со златни лисја, а историчарите проценуваат дека собата во тоа време вредела 142 милиони долари. Со текот на времето, Килибарната соба се користела како место за медитација од кралицата Елизабета, просторија за состаноци на Екатерина Велика и простор за трофеи на љубителот на килибарот Александар II.

Екатеринскиот дворец во Царско село (денеска Пушкин).

На 22 јуни 1941 година, Адолф Хитлер ја почнува операцијата Барбароса, насочена против Советскиот Сојуз. Инвазијата носи со себе грабеж на десетици илјади уметнички дела, вклучително и познатата Килибарна соба, за која нацистите верувале дека е направена од Германци, за Германците.

Додека германските трупи се приближуваат кон Пушкин, реставратори и куратори во Екатеринскиот дворец се обидуваат да ја демонтираат и да ја сокријат собата. Кога сувиот килибар почнува да се распаѓа, вработените наместо тоа се обидуваат да ја сокријат собата позади тенок тапет. Но овој потег не ги запира германските војници и тие ја демонтираат Килибарната соба во рок од 36 часа и во 27 кутии ја испраќаат во Конигсберг, Германија (денес Калининград). Собата е инсталирана повторно во музејот на замокот Конигсберг на Балтичкото Море.

Директорот на музејот Алфред Роде ја проучува историјата на собата додека таа се наоѓа во музејот во следните две години. На крајот на 1943 година, Роде добива наредба да ја расклопи Килибарната соба и да ја заклучи во сеф. Во август следната година, сојузничките бомбардирања го уништиваат градот и го претвораат музејот на замокот во урнатини. Со тоа се губи трагата од Килибарната соба.

Се чини дека е тешко да се поверува дека кутии со неколку тони килибар може да исчезнат. Многу историчари се обидоа да ја решат мистеријата. Најосновната теорија е дека собата била уништена во нападите од 1944. Други веруваат дека килибарната соба сѐ уште се наоѓа во Калининград, а постои и верзија дека собата била натоварена на брод и сега се наоѓа некаде на дното на Балтичкото Море.

Во 1997 година, група германски уметнички детективи дознале дека некој се обидува да продаде парче од Килибарната соба. Тие влегле во канцеларијата на адвокатот на продавачот и нашле една од мозаичните плочи од собата, но продавачот, кој бил син на починат војник, немал идеја од каде ја земал плочата неговиот татко. Една од најекстремните теории е дека Сталин всушност имал втора Килибарна соба, а Германците ја украле лажната.

Друг бизарен аспект на приказната е т.нар „проклетство на Килибарната соба. Многу луѓе поврзани со неа ги достигнува прерана смрт. Директорот на музејот Роде и неговата сопруга умираат од тифус. Генералот Гусев припадник на КГБ го губи животот во сообраќајна несреќа, откако разговарал со новинар за „Килибарната соба“.

Најмалку е позната историјата на новата Килибарна соба. Реконструкцијата започната во 1979 година во Царско Село и е завршена во 2004 г. Репликата на Келибарната соба чини 11 милиони американски долари.