БОРБАТА ПРОТИВ АЛКОХОЛИЗМОТ ВО РУСИЈА ТРАЕ ВЕЌЕ 300 ГОДИНИ

Минатата година Руската федерација објави дека се изборила со алкохолизмот преку воведување на строги мерки- забрана за рекламирање на алкохол и забрана за продажба на алкохол во ноќните часови. За волја на вистината овие мерки се причина за 43% намалување на употреба на алкохолни пијалоци во Русија но сѐ уште има различни и противречни статистики за тоа колку луѓе годишно умираат од алкохолизам во Русија.

Во 2016 година според податоци на Заводот за статистика од алкохолизам починале 163 000 луѓе. Д-р Александра Немцова во 2012 година изјавува дека во Русија секоја година од труење со алкохолни пијалоци умираат 500.000 луѓе.

Русија веќе 300 години води војна со пијанството, но речиси и да нема успех во тоа. Таа борба продолжува додека економијата на земјата не биде застрашена или додека не избувнат бунтови. Тогаш власта веднаш повторно го дозволува пиењето и ги укинува казните. Во арсеналот на советските и руските власти можат да се најдат многу остроумни начини за борба против пијанството- пишува весникот Комерсант.

Првиот обид на државата да се избори со употребата на алкохолот датира од 1714 година а иницијатор е цар Петар I . Царот ја украл идејата на сопствениците на оралските заводи Демидови кои ги казнувале пијаниците со метална ѕвеза тешка 6 кила на која пишувало „заради пијанство“. Фатените пијани работници морале да ја носат таа ѕвезда со денови. Петар I ја вовдеува таа казна на териотријата на цела Русија. Неговиот „медал“ тежел 8.3 кила а казнетиот алкохоличар требало да го носи на вратот од една недела до една година во зависност од казната. Медалот се симнувал од вратот на казнетиот само ако истиот вети во црква дека повеќе нема да пие. Историјата молчи какви биле резултатите од активностите на Петар I во борбата против алкохолизмот но еден век и половина после него нема пишани докази за други такви иницијативи.

Во 1958 година цените на алкохолот се покачуваат до енормни граници. Една стомна со водка чинела 10 рубљи а просечната работна плата изнесувала 15 рубљи. Бедните селани не можеле да си дозволат да купуваат алкохол и така бројот на луѓето што злоупотребувале со тие пијалоци се намалил.

Во 1894 година министерот за финансии на царството Русија, Сергеј Вите, воведува монопол врз винотои создава организација за народна трезвеност. Во тие организации се пиеле безалкохолни пијалоци, чаеви, се играле карти, шах а се давале и специјални бонови преку кои тие што не употребуваат алкохол добиваат попуст при купувањето на прехрамбени производи. Побогатите граѓани ги купувале тие бонови и ги давале на своите вработени наместо плата со цел истите да бидат потрошени за храна а не за алкохол.

Борбата против алкохолот помогнала во развојот на образованието и културата во Русија. Биле отворени нови домови на културата, библиотеки и театри. Се создале услови и за организирање на голем број образовни курсеви во кои луѓето што не пијат алкохол да се запишат со попуст а некаде и бесплатно.

Според податоци на министерството за финансиите овие мерки вродиле плод бидејќи ако во 1863 година еден Русин пиел во просек 15 литри жесток алкохол во 1913 литрите изнесувале 3.14. Уште поефективен е изгласаниот закон за прохибиција во 1914 година но по доаѓањето на советската власт истиот е укинат.