Б. ИЗЕТБЕГОВИЌ: СРБИЈА МОРА ДА ГО ПРИЗНАЕ ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА, АКО САКА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ

//

Србија мора да го признае геноцидот во Сребреница и да престане да ги штити воените злосторници, ако сака да стане членка на Европската унија, предупредува лидерот на најголемата муслиманска партија во Босна и Херцеговина (БиХ), Партијата за демократска акција (ПДД) Бакир Изетбеговиќ, син на Алија Изетбеговиќ, цитиран од белградскиот весник „Политика“.

Во интервју за Радио Сараево, тој даде таков одговор на забелешка на новинарот дека масакрот во Сребреница се уште не е признат од Белград и дека концептот за Голема Србија не бил напуштен.
Изетбеговиќ тврди дека признавањето на геноцидот е предуслов за натамошна интеграција на Србија во Унијата и истакна тоа го видел во документ во Брисел, кој се однесува на прашањето на европскиот пат на Белград.



Претходна статија

ГДУ-ШТИП: ЌЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА СПРЕЧИМЕ МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ

Следна статија

КОСТАДИНОВ ГО ПРАША МИЦКОСКИ КАКВИ СОВЕТИ ДОБИЛ ОД НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО БУДИМПЕШТА

Најново од Вести