|

Ултиматумот на Путин за рускиот гас стапува на сила

Ултиматумот за гас на рускиот претседател Владимир Путин денеска стапи на сила. Според овој ултиматум, сите клиенти ќе треба да го платат рускиот гас во рубли, од посебни сметки во банка посредник. Во спротивно нивното снабдување со гас ќе биде прекинато.

Според декретот, странските купувачи од списокот на Путин на „непријателските држави“ ќе го префрлат договорениот износ во странска валута на посебна сметка во Гаспромбанк, банката ќе купи рубли во нивно име и ќе ги префрли на друга посебна сметка за да плати гас на Гаспром во рубли.

– Доколку плаќањата не се вршат на овој начин, ќе сметаме дека купувачот не ја подмирил својата обврска, со сите последици што следуваат. Никој ништо не ни дава бесплатно, па нема да бидеме ниту добротворна институција – рече Путин.

Слични Објави