| |

ПЕТАР КОЛЕВ: ПОЛИТИЧКАТА ТЕЗГА ТРЕБА ДА СЕ ЗАТВОРИ

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев се им обрати на пратениците во македонското Собрание преку својата официјална facebook страна. Еве што им порача Колев на пратениците:

„Со вчудоневиденост разбравме дека нашите пратеници решиле да си ги намалат патните трошоци. Навистина има светлина во тунелот!
Но кога го прочитав решението разбрав дека светлината е од брзиот воз кој што доаѓа наспроти нас!
Значи место 30% од цената на бензинот ќе добиваат 20% од цената на бензинот за секој изминат километар. Ако прифатиме дека во просек цената на литар бензин варира околу 60 денари, математиката вели дека за секој километар нашите народни избраници би добиле по 12 денари. На 100 километри им припаѓаат по 1200 денари.
Ако го прифатиме фактот дека еден автомобил средна класа е логично да троши од 5 до 10 литри, станува јасно дека вие навистина сте копуци, крадци и неранимајковци. И како се договоривте за таков надоместок вие кои од сабајле до вечер се напаѓате на предавници и патриоти? Кој експерти ве посоветуваа дека цената на 100 километри во овој момент е 1200 денари. Ако се организирате по тројца во автомобил, пример од Штип до Скопје би ве „коштало“ со такси 3500 до 4000 денари. Па вие господа со такси да се возите поевтино ќе е.
Пред повеќе месеци предложивме решение на проблемот одговорно и домаќински. Нели станува збор за вашата заедничка далавера тука нема власт и опозиција, задно сте си го протуркале.

Да потсетиме на предлозите на ГДУ за решавање на овој проблем кој е класична форма на легализиран грабеж.

1.Може со предвидените близу милион евра во буџетот на Собранието на годишно ниво, со два или три буџети да се изградат згради со станови кои да ќе се користат од пратениците. Така е во многу европски земји.

2. Може Собранието да набави 6 микробуси со по 20-25 места кои ќе ги пушти на редовни линии од изборните единици до Собранието и обратно. Така патуваат и моите родители на работа, татко ми во едно јавно предпријатие кое е во катастрофална состојба, но тоа е друга тема, а мојата мајка во приватна конфекција. И тука не гледам никаква трагедија. Илјадници луѓе во земјава патуваат со организиран транспорт на работа.

3. Но ако на некој од народните избраници не му се допаѓаат условите за патување, може слободно да си патува со личниот автомобил за лична сметка, секако платите им се доста високи и можат да си го дозволат тоа. Исто на овој начин патуваат доста наши сограѓани на работа.

4. Се разбира ако и ова не е во ред, тогаш можат слободно да си изнајмат стан во главниот град. Кириите гледајќи им ги личните примања кои се многу над средните во нашето општество, нема да се огромен проблем.

Се разбира ако и ова не е во ред, тогаш слободно може да си побараат друга работа. Во многу сектори има доста слободни работни места. А може и да отидат да поработат сезонски надвор од Македонија како што работат многу наши сограѓани.

Почитувани дами и господа политичари, пратеници, министри итн. политиката е местото каде се дава за општеството дел од знаењето, искуството, трудот и здравјето, а не е печалбарска тезга. Ако не ви се допаѓа слободно сменете си ја професијата.

Затоа ние од ГДУ апелираме за промена на изборниот модел. Една изборна единица, отворени листи и намалување на бројот на пратениците на 60. Оваа политичка тезга еднаш засекогаш треба да ја затвориме, а клучот за ова е кај вас почитувани мои сограѓани.“



Слични Објави