ПОНЕДЕЛНИЧКИ, ДА ПОЧНЕМЕ СО УБАВО

Веќе пристигнува храната за следниот месец, па благодарение на Бога и дарежливоста на Неговиот народ, како црква ќе бидеме во можност да помагаме со пакети храна СЕДУМДЕСЕТИНА социјално-загрозени семејства од Велес и околината.

Ако уште некој сака да придонесе кон ова дело, слободно нека ме контактира. Исто така, ако вие знаете некое семејство во вистинска потреба, воопшто не двоумете се да ме контактирате и да побарате помош.

Денеска им благодариме на семејството Стојкови и Колид С Тим, кои и досега биле наши поддржувачи, но сега на уште поизвонреден начин придонесоа кон ова дело.

Нека Господ Исус ги благослови сите, и тие што даваат, и тие што примаат, та благодарноста за сѐ добро да се издига како благопријатен мирис кон Небесата, напиша на својот facebook профил пастор Филип Иванов од Евангелската црква во Велес.