Бугарскиот неделник „Обзор“ посветува цел еден број на 30-тата годишнина од смртта на Даме Груев
Весникот „Обзор“ е бугарски неделник што се печател во периодот од 16 март 1935 г. до 19 декември 1936 г. Негов уредник бил Никола Коларов, бугарски општественик, правник и новинар, роден во Дупница, чии родители биле бегалци од Царево село (дн. Делчево РС Македонија). Коларов е лидер на Сојузот на македонските младински културно-просветни организации. По убијството на генерал Александар Протогеров, Коларов застанува на страната на Иван Михајлов. Негова сопруга е ќерката на револуционерот Мише Развигоров- Бојка.
Во периодот 1935 г-1937 г. Коларов ги издава неделниците „Обзор“ и „Стожер“.
Токму последниот број на неделникот „Обзор“ од 19 декември 1936 г. е посветен на 30-тата годишнина од смртта на големиот револуционер Дамјан Груев, кој е нарекуван „Волјата на Организацијата“.
Благодарение на непроценливиот труд на тимот на Библиотека Струмски, вие можете да го видите фототипното издание токму на бројот посветен на годишнината од смртта на Дамјан Груев.
За време на ослободувањето на Вардарскиот дел на Македонија во периодот 1941-1944 г. е директор на весникот „Целокупна Бугарија“, којшто се издава во Скопје. Интересен податок е дека печатницата на весникот „Целокупна Бугарија“ подоцна по пат на конфискација попаѓа во рацете на „Нова Македонија“.
Во 1945 г. е осуден во отсуство од комунистичката власт Бугарија, на 10 години затвор, а во 1946 г. е осуден и во Југославија. Живее во Бугарија под туѓо име до 1956 г. кога е уапсен од органите на комунистичката Државна безбедност и веднаш е испратен на робија прво во затворот во Стара Загора, а подоцна и во логорот Белене, каде што поминува 2 години.
Амнестиран е на 12 септември 1960 г, умира само 4 месеци по излегувањето од логорот Белене. На неговиот погреб се присутни Димитар Талев, Симеон Радев и бугарскиот патријарх Кирил.