Рајков: Да се тврди дека постои билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија е исклучително манипулативно
Очигледно одредени кругови во Скопје се наклонети кон губењето дополнително време на македонските граѓани. Ова го изјави заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Марин Рајков во утринската програма на Бугарската национална телевизија. Коментарот на Рајков доаѓа по последните изјави на премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, дека ако треба ќе чека децении, но нема да дозволи да се исполнат условите, за да се отворат преговорите за членство на земјата во Европската Унија – односно уставните измени со внесување на Бугарите во истиот.
Рајков е дециден дека неисполнувањето на барањата од страна на Република Северна Македонија не е билатерален проблем, туку проблем на Скопје со ЕУ.
„Факт е дека нивниот министер за надворешни работи оди од кабинет до кабинет во Брисел и се жали од Европската Унија, од Бугарија и од различни работи. Ние не сакаме да влегуваме во таква шема, при која по него влегуваме ние, затоа што не сакаме ова прашање да се перципира како билатерално. Да се тврди дека постои билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија е исклучително манипулативно. Проблемот е повеќе меѓу Скопје и Европската Унија. И тоа е неисполнувањето на барањата.“, изјави Рајков за БНТ.
