| |

Андреева-Малакова: Наша цел е изградба на бугарска црква во Ирска

Амбасадорката на Бугарија во Ирска, Ванја Андреева-Малакова, изјави дека постои надеж во иднина да се изгради бугарска црква во земјата, која ќе биде постојано отворена за заедницата, јавува БТА.

„Се надеваме да стигнеме до моментот да има бугарска црква тука, во Ирска, која да е со постојано отворена врата за Бугарите во моменти на среќа, радост, тага и барање утеха“, рече таа на средба со бугарската заедница во Амбасадата во Даблин.

Настанот следуваше по велигденската богослужба на бугарски јазик, предводена од митрополитот Антониј, што се одржа во храмот „All Hallows Chapel“ – прва ваква служба во Ирска од 2011 година.

Малакова изрази благодарност до митрополитот и истакна дека оваа служба може да биде почеток кон создавање трајна црковна заедница. „Патот не е лесен, но прво треба да има црковна мисија, потоа црковна општина, за тоа да стане одржлива практика“, нагласи таа.

Амбасадорката ја опиша бугарската заедница во Ирска како активна и разновидна, со образовни и културни иницијативи, и подвлече дека е важно „нивниот глас да се слуша во Бугарија“ и тие да бидат видлив дел од бугарското општество.

Слични Објави