Колективна изложба на бугарски и македонски современи автори во посета на Градската галерија во Благоевград
Утре во салата на Градската галериja во Благоевград Бугарија со почеток од 18 часот ќе биде отворена колективната колекционерска изложба „Културна дипломатија – Балкански дијалог“. Изложбата пристигнува во Благоевград по успешната посета на галеријата „Мисијата“ во склоп на Државниот културен институт кон министерот за надворешни работи.
На изложбата учествуваат седум бугарски уметници: Светлин Русев, Станислав Памукчиев, Ивајло Мирчев, Љубен Генов, Димитар Чолаков, Милко Божков и Роман Кисов и седум уметници од Република Северна Македонија: Владимир Георгиевски, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, Жанета Гелевска-Велјановска Петар Попчев, Никола Иванов – Балтон и Решат Амети. Оваа „средба“ во сликарството на 14-те бугарски и македонски современи уметници е всушност импровизирана средба меѓу луѓето, преку која се гради пријателство и дијалог.
Настанот е дел од годишната програма на Државниот културен институт при министерот за надворешни работи „Балкански дијалози“ и се спроведува во партнерство со Културната асоцијација „DOBREDOJDE“ (Macedonia Welcome Centre) Културното друштво ИКОН, Бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје и Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.
