Дурмиши: Најдобро за Тетово е што поскоро да се одржат избори за Советот

/

Што поскоро да се донесе одлука и датум за нови избори за Советот на Општина Тетово, побара досегашниот претседател на Советот на Општината Бесар Дурмиши по информациите во медиумите дека Владата донела решение за распуштање на тетовскиот Совет.

Тој информира дека се уште немаат добиено официјално решение за распуштање на Советот од Владата.  Според него, ова е најдобро решение за Општината, бидејќи Советот не функционира и не може да носи одлуки. Седницата на 27 април не се одржа затоа што немаше мнозинство за да одлучува.

–Ние сега ќе чекаме од Талат Џафери, претседателот на Собранието, да ги распише изборите за локалната власт,  и да го каже датумот. Најдобро за Општината побрзо да се одржат локалните изборите зашто во многу работи Општината не функционира како што треба без Советот, изјави Дурмиши.

Владата образложи дека Советот на ја донел завршната сметка до 31 март и затоа се носи решение за распуштање. Можно е изборите да бидат на 20 август, кога ќе има гласање во други општини за градоначалници. Во досегашното мнозинството во Советот покрај Движењето Беса, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците беа и двајца советници од иницијативата „Подобро за Тетово“.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Колективна изложба на бугарски и македонски современи автори во посета на Градската галерија во Благоевград

Следна статија

Макрон ги повика Французите в недела да гласаат за неговата партија и да овозможат мнозинство во Парламентот

Најново од Вести