ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Како што е наведено, инцидентот се случил околу 23.00 часот по локално време во близина на железничката станица Долна Јабланица на југот од земјата. Судирот се случил помеѓу товарен воз од Мостар составен од 18 вагони со воз од Сараево со 36 вагони.
„Животот го загубиле машиновозачите, кои во тој момент се наоѓале во локомотивата. И двајцата жители на Сараево, родени во 1969, односно 1971 година. Жител на Сараево роден во 1983 година е сериозно повреден”, се вели во соопштението на полицијата.
Се наведува дека движењето на железничката линија Мостар-Сараево во моментов е затворено поради утврдување на причините за несреќата.
